Љубам бескрајно…

Актерот познат по своите улоги во театарски претстави, телевизиски серии и драми, одговара на нашите десет лични прашања.

dac2

1. Како си? Што има ново?

Добро. Не пушам скоро два месеца.

2. Можеш накратко да ни опишеш еден свој обичен ден?

Можеби е чудно, но моите денови се главно необични.

3. Дали си задоволен/задоволна од својата работа?

Тоа е единствената работа со која би се бавел и во задгробниот живот.

4. Кога и каде беше најсреќен?

Еден ден, кога ја сретнав Весна.

5. Му се восхитуваш ли на некој жив човек? Можеби само некој посебен.

Моите идоли веќе не се меѓу живите, или тие прерано умреле или јас сум стар.

6. Можеш ли да наброиш пет нешта без кои не можеш да си го замислиш денешниот живот?

Весна, Јана, Јаков, Стефан и јас.

7. Кој е твојот најголем страв?

Не знам, а и да знам, не би го кажал.

8. Кога би можел да бираш, која точно книга би ја одбрал да удри од глава?

Уфф…

9. Кој е твојот порок?

Љубам бескрајно…

10. Нешто за крај?

До видување до некоја следна претстава што не сте ја погледнале.

Напишано од
More from РЕПЕР
Без соништа животот е здодевен
Оваа недела на краткиот прашалник ни одговара Огнен Неделковски, дипломиран драматург и...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *