Kнига на месецот
Збогум, сеништа
од Надја ТерановаМаж ми ме допре по грбот со љубовта каква што ни беше тогаш, уморна љубов, сочинета од никогаш преинтимни раце што го милуваа стомакот на висина на папокот, очајни раце зграбени за работ на маичката, за ластикот од долната облека, љубов што ретко преминуваше во нешто друго и одеше понатаму, вртејќи се статично во нежноста и делејќи се самата од себе надве, повлекувајќи се по куса заблуда, по која пак станувавме две сосем одвоени битија.
Бизарни раскази
од Олга ТокарчукСе викам Вилјам Дејвисон, Шкотланѓанец сум и потекнувам од Абердин, но многу време поминав во Франција, каде што мојата кариера беше овенчана со позицијата на кралски ботаничар и каде што ги објавив своите дела. Речиси никој во Полска не ги знаеше, но ме ценеа затоа што тука заслепено се ценат дојденците од Франција.
Гранд хотел Европа
од Илја Леонар ФајферИсклучиво европска тенденција е да се сака минатото над сѐ. Во Европа не можете да постоите без минатото. На други места во светот не е така. Нашата доминантна фиксација за минатото не ја препознаваат во Америка, Африка, Азија и Австралија. Кога каубоите и пионерите ја создавале Америка, немале никаква потреба да го поврзат нивниот идентитет со некаква самоизмислена антика и средновековие.
Тишини
од Меша СелимовиќТребаше ова да го проживеам сам, без никого. Тоа беше чувство на стишена запрепастеност, која не е ништо одредено. А баш таа неодредена тежина, на која не можам да ѝ ги фатам корените, ни да ѝ ги согледам длабочината и насоката, темната закана на која разумот не ѝ може ништо, се наднесуваше над мене непознатиот ужас, потежок од секое определено страдање. Потполна, конечна самотија, залудност на сѐ што би можел да направам, неизбежност на нешто што ќе наиде, а не наидува.
