Во 2014 година издавачката куќа „Антолог“ од Скопје прославува 15 години од своето основање. Минатата 2013 година ја заокруживме со триесетина новообјавени книги во 16 едиции и со наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца, која му беше доделена на писателот Александар Кујунџиски за „И строфите растат“, во издание на „Антолог“.
Петнаесеттиот роденден „Антолог“ ќе го обележи во знакот на основачкиот слоган на куќата: КНИГИ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!
Ја почнуваме акцијата еднаш неделно да ги изненадиме читателите со нова книга. Во 15-тата година од постоењето ќе објавиме 52 наслови!
Односно, сите што ги сакаат книгите и годинава ќе имаат можност да уживаат во најновите и најважниткниги од македонски, латиноамерикански, руски, европски, канадски, балкански, американски, но пред сè – од квалитетни автори.
На годинашниот Саем на книгата во Скопје, но и на саемите низ градовите во Македонија, ќе имаме големи попусти и ќе доделуваме подарок-книга за секој наш купувач, за по добро да го паметите роденденот на „Антолог“.
Во план е да објавувањето и 115-тата книга на Александар Кујунџиски, рекордер по бројот на објавени книги меѓу македонските писатели.
Ја основавме 17-тата по ред едиција под името „Нови планети“, наменета за тинејџерите, возраст за која досега во Македонија немавме доволно објавени книги.
Планираме да стигнеме до 70-тата книга од препознатливата и популарна едиција „Бранови“, фокусирана на светските прозни дела и бестселери.
Во подготовка е и официјалната интернет-страница на „Антолог“, а продолжуваме со издавање на првиот македонски електронски неделник исклучиво за креативност и за уметност, „Репер“ (www.reper.net.mk).
Веќе почнавме да го одбележуваме и јубилејот „10 години од појавувањето на најчитаниот дебитантски роман во современата македонска книжевност, Spectator“.
Откриваме нови дела и автори и пред да освојат планетарни рамки, како што правиме со ремек-делото „Лавр“ од Евгениј Водолазкин и со бестселер-хитот за Хитлер, „Види кој се врати“.
Продолжуваме со промоција на младите автори од Македонија, на кои останува македонската литература и книжевната иднина.
Го објавуваме и специјално дизајнираниот каталог за 2014 година.
Посебно изненадување ќе биде скорешното отворање на промотивно-креативното студио „Антолог“ на улицата што го носи името на познатиот македонски писател, учебникар, лексикограф и историчар, Ѓорѓи Пулевски, лоцирана во Дебар Маало, блиску до сите читатели.
Тука роденденските подароци не завршуваат. Со поддршка на читателите и на сите искрени пријатели, ќе се обидеме желбите да ги претвориме во реалност.
За многу години, читатели, за многу години, пријатели на книгата!
ТИМОТ НА „АНТОЛОГ“
СПИСОК НА ПРВИТЕ 20 КНИГИ
ОД АКЦИЈАТА „СЕКОЈА НЕДЕЛА – НОВА КНИГА“
ЈАНУАРИ
1. Емануела Пагано, Троглодитни тинејџери
978-608-4507-36-9
2. Лада Жиго, Рулет
978-608-4507-49-9
3. Мерсе Родореда, На плоштадот Дијамант
978-608-243-001-0
4. Ана Ким, Скаменето време
978-608-4507-38-3
5. Евгениј Водолазкин, Лавр
978-608-243-003-4
ФЕВРУАРИ
6. Сјон, Сината лисица
978-608-243-002-7
7. Jеф Герартс, Алцхајмеровиот случај
978-608-243-004-1
8. Олга Токарчук, Е.Е.
978-608-243-005-8
9. Сузана В. Спасовска, Низ темјанот, еден лијан
978-608-243-008-9
10. Гаврило Миловановиќ, Антиепитаф
978-608-243-010-2
11. Саво Костадиновски, Вечен глас
978-608-243-014-0
МАРТ
12. Есмахан Ајкол, Убиство во хотелот „Босфор“
978-608-243-006-5
13. Исток Улчар, Сенки низ циркускиот шатор
978-608-243-009-6
14. Михо Атанасовски, Зелените луѓе
978-608-243-011-9
15. Александар Кујунџиски, Happy роденден
978-608-243-013-3
АПРИЛ
16. Сузи Тенева, Мисли и зборови
978-608-243-020-1
17. Митко Гогов, Ледена вода
978-608-243-012-6
18. Кристин Марија Балдурсдотир, Смеата на галебите
978-608-243-007-2
19. Тону Онепалу, Гранична држава
978-608-243-016-4
МАЈ
20. Ѓоко Здравески, Куќичка за птици-преселници (второ издание)
978-608-243-021-8