Една сосема необична песна!

ЕДНА СОСЕМА НЕОБИЧНА ПЕСНА!

Кон творештвото на Маја Апостооска

Сосема неконвенционално граден поетски дискурс, во кој по сѐ изгледа комбинацијата од логично-нелогичен збороред на изрази и фрази е мошне успешно структурирана во целина. Маја Апостооска во збороиграта ги апсорбира и елементите од поетиките на Боало, Хорациј, Нервал и други, остварувајќи обиди да создаде сосема нов потски израз.

Една дебела Химера сонети плука,
лаички клучот го голта.
Вероломни луѓе вреваат да влезат
Во ука на романт(измет)ичарот
Поети, грди поети!
(Поетското творештво на Жерар Де Нервал)

Со деформитетот на зборовните форми со кои ги поврзува елементите на поетичност, Апостолоска создава сегментарни слики од повеќеслојна значност.

Потем КОРНЕ (Ј)есуитски вкоренето
СИДрото во моно моноестетика
Ко да оРА СИНови и ќерки варварски/
Мора строго (и Диктаторот
во градба се внел) на друмје,
по друм со ум класичен-истичкиот
инспирант. Во спротивно нема завет:
„Залудно на Парнас дрскиот поет…“

Нејзиниот фразеологизам со иронизирани поетски сегменти ја открива чудесната симболичност на мастилавата заднина од каде што несомнено е и насловена збирката. Трите цисклуси: „Сидрото на моноестетика“, „Наезда на црни дамки“ и „Во чистиот логос“ извлечени од поетската верификација се доволен доказ за нејзината потрага по нова (не)метафора во градбата на нејзиниот поетски израз…

Анета Стојкоска
Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Влезот е од другата страна
„Во поезијата на Нина Андова, влезот секогаш ќе биде од другата страна,...
Повеќе
0 replies on “Една сосема необична песна!”