Промотивно обраќање кон книгата „Дијагноза“ од Кристијан Бенито

Поздравна реч – Кари амичи солдати – еден друг Бенито умееше да каже. Поздрав до гостите што присуствуваат на една ваква промоција, за мене првпат во театар „Комедија“, дом на многумина актери, идоли, комедијанти, дом/матична куќа на многу талентирани и харизматични актери, но и на Атанас и Тино :). 

Роман во раскази – пица бурек – комбинацијата на меѓувидовите, хибридот во уметноста. Расказите може да се читаат и како целина на романот, од почеток до крај, но и да се читаат по случаен избор самостојно за себеси, повторно го даваат истиот ефект и порака. Јазикот е ефективен, скопски дијалект, скопски урбан сленг, нема да морате со дигитален речник или со вујаклија да се замарате додека читате. Од вас се бара само да влезете во расказите со желба за уживање, но и со отворени погледи и со подготвеност да бидете шокирани.  Освен раскази има и понекоја поетска пројава, неколку стихови кои по ништо не заостануваат зад расказите. 

Дожд
Дождот е прекрасна природна појава.
Го сакам поради повеќе причини,
а можеби најголемата од нив
е тоа што можеш слободно
да плукнеш човек од прозор
а тој да не те примети.
Не оставај траги
Ако малку поубаво ги отворите очите</span
сигурно ќе забележите
дека насекаде низ светов,
во внатрешноста на јавните тоалети,
се наоѓа веце четка.
А тоа значи дека
ниеден човек на оваа планета
не е должен да ги
риба вашите гомна.
Tуку тоа е работа
која ви припаѓа
лично вам.

Околу абјектното во романот на Бенито. Абјектна уметност – термин на Јулија Кристева, позната француска теоретичарка на литературата и филозофијата со бугарско потекло. Абјект, пад, зазор, презрено, подло, ниско… Во фокусот на романот става теми од кои секојдневно ако ги зборуваме или разработуваме ќе предизвикуваат и неудобност и ќе ги сметаме за немање вкус. Па во еден од расказите НАЈДОБРИОТ ЛЕК имаме луцидна идеја на ставање на мајонез во тегла и нејзин обид во банка да се понуди како семена течност со што обичната банка за кредити и штедење нараторот ја третира како банка за сперма. Комичност која кај оние со слаб стомак и строг пуритански вкус ќе предизивка гадење, но кај другите склони кон експериметирање и кои не се плашат од остатокот, абјектот, ќе ги испровоцира да ја засакаат абјектната уметност. Па затоа во расказите има многу пот, плукање, телесни течности кои се разработуваат. Има и расказ РЕЦЕПТ каде нараторот бара свински мозоци, за јадење. Мозокот како остаток, исфрлено нешто, абјект, изнутрици, шкембиња, џигер, цревца… Во овие раскази каде што Бенито сериозно ги испитува границите до каде ќе оди читателот во неговите приказни кои често се движат и по линијата на гротескното, односно она кога на нешто дивинизирано и свето му се дава секојдневна баналност и обичност, предизвикувајќи грозење од истото. 

гротескно“ се употребува како придавка која означува нешто необично, фантастично, грдо, непријатно или одвратно и често се употребува за означување на искривени, извитоперени облици. Од друга страна, во сликарството и книжевноста, гротеската означува нешто бизарно кое истовремено предизвикува чувство на непријатност и сожалување. Во англискиот јазик, зборот „гротескно“ првпат се појавил во 1560-тите, како именка позајмена од францускиот јазик, а која потекнува од италијанскиот збор „гротеска“ (grottesca) кој буквално значи „од пештера“ (италијански: grotta). 

Во книжевноста, гротеската означува „карикатурално-фантастична и искривена слика на стварноста, која не предизвикува смешни, туку застрашувачки чувства“, а се употребува и како „знак на отуѓеноста од светот… 

Па имаме епизода каде новородениот син на нараторот, со оглед дека се полуавтобиографски раскази, би рекле на Бенито, се раѓа со димензии на пенисот исти како негвоиот креатор, то ест таткото. 

Ваквите шокирачки слики си имаат своја историја во литературата и во карикатурата, па ако треба да се компарира со нешто, овие раскази ми имаат некое влијание од Данил Хармс, Гогољ, Кафка или Иштван Еркењ. Како неверојатни почитувачи на алегориското, но и апсурдното во литературата. Само кај Бенито се подолги и со поразвиена подолга фабула. Но, баналноста на литературата ја доведува до екстрем. Филозофијата на Бенито е „Зошто само убавите теми, зошто само угодните работи, дај малку околу неугодното, околу грозното да се најдеме и да се помуабетиме.“ Па, како Центарски Скопјанец ептен во епицентарот на Скопје, поцентар се само Полициска станица Беко и гимназијата Јосип Броз, Бенито барем десет пати во денот е сведок на грдото и грозното. Не мислам само на бетон, на градби, туку и на ѓубре или сивило во еден есенски ден. Па и завчера. Вакво време во Скопје да го имаш 2 недели по ред, ќе се швркнеш. 

Вториот дел е чист автобиографски и ако првиот дел од книгата ве шокира, вториов ќе ве санира малку.

Тонио Крегер и чувството на пропуштно минато без враќање. Една блага носталгија кон поубави времиња, поинтересни и почовечни постапки.

Епизодите се многу лични и навидум невозможни да се доживеат преку друг, но во тоа е убавината на убавата литература. Да умееш да проживееш емотивно нечиј детски спомен, носталгија, обична семејна топла приказна. Како знаеме дека едно уметничко дело, една слика, платно е добро? Кога ќе можеме да се видиме себеси како живееме во тоа дело, во таа слика, или ако се работи за апстрактна слика, тогаш да си ја замислиме како корица за наша книга, за наш музички албум. Само тогаш знаеме дека сме пред вистинско парче уметност. Расказите на Бенито имаат топлина на едно подзаборавено детство на деведесетите и раните двеилјади. На секои десет години имаме неповратна декада спомени па ФБ тотално нЕ растажува со оние групи ретро спомени, ретро серии, реклами за тортици, цигари или шоу кои биле актуелни пред триесетина години. 

Меланхоличниот човек живее во минатото, анксиозниот во иднината, а само мудриот живее во сегашноста. Затоа бидејќи сте мудри и го живеете сегашниот момент штом сте дошле на промоцијава, можеме и да чуеме прашања насочени кој Бенито или кон мене, а ако не повелете да си купите книга и да добиете автограм од авторот, како што си е редот.  

 

* Промоцијата се случи на ден 6 април 2026 во Бистро Комедија – Скопје

Тагови од објавата
Напишано од
More from Душко Крстевски
ПОСТОЕЊЕТО НА ДВЕ ТРОШКИ РАЗУМ
Кон романот „Се гледаме наскоро. Е.“ од Драгана Евтимова и Владимир Лукаш
Повеќе
0 replies on “Промотивно обраќање кон книгата „Дијагноза“ од Кристијан Бенито”