Шеф без полтрони е пушка без патрони

Пренесуваме афоризми од Кочо Урдин

Од пишаното и неписмените не можат да избегаат.

[divider top=”no”]

Плиткиот мозок е најопасен во длабока фотелја.

[divider top=”no”]

Литературен фронт: еден пише, другите го бришат.

[divider top=”no”]

Шеф без полтрони е пушка без патрони.

[divider top=”no”]

Бог на небото, богови на земјата – зарем не е овој свет божествен?

[divider top=”no”]

Демократијо, како да ти верувам кога со векови те обесчестуваат?!

[divider top=”no”]

Ние навистина отидовме предалеку, а сепак сме тука?

[divider top=”no”]

Јунаците имаат кратки биографии, но долг задгробен живот…

[divider top=”no”]

Самоубиецот го убиле други…

[divider top=”no”]

Многу мажи можат да научат од жените што е тоа маж!

[divider top=”no”]

Политичарите нè опиваат со ветувања дека ќе нè внесат во рајот и обично нè пуштаат во пеколот за да се отрезниме!

[divider top=”no”]

Уметност во пиењето е да бидеш трезен кога си мртов пијан!

[divider top=”no”]

Зад насмевките демнат забите!

[divider top=”no”]

Ние често вршиме размена на мислења, но не и на мисли.

[divider top=”no”]

Многу вистини се удавиле во виното и пак не им доаѓа умот.

[divider top=”no”]

Добро, господа, ако секој си ја гледа работата, што ќе работиме?

[divider top=”no”]

Позицијата и опозицијата се како маж и жена: еднаш едните се горе, а другите долу, и обратно, а бремен останува народот!

[divider top=”no”]

Понекогаш најболниот предлог го нуди најздравото решение…

[divider top=”no”]

Времето е најдобриот лекар, кој обично доаѓа кога пациентот е мртов!

[divider top=”no”]

Полните џебови испразниле многу срца…

[divider top=”no”]

26302Кочо Урдин (1930-2008) е роден во Струмица. Тој бил раскажувач, романсиер и драмски писател. Студирал литература во Белград и во Скопје. Завршил Висока школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“, основоположник на Работничкиот универзитет, на Ликовната галерија, на Интернационалната ликовна колонија и на Музејот во Струмица. Се зачленил во ДПМ од 1962 година. Добитник е на наградата на театарски игри „Војдан Чернодрински“. Самиот велел дека хумористичната жица ја наследил од својот дедо, кој бил голем шегаџија и кој зборувал во стихови. Автор е на десетина книги со раскази, романи, драми, афоризми и со хроники. Изборот со кој го претставуваме овде е направен од книгата афоризми „И кога мислиш размислувај!“, објавена во 2000 година.

Тагови од објавата
, , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Приказни за Горан Мудрецо
Приказните што овде ќе ги раскажам се мои лични приказни, но се...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *