Алуминиумски деца го уништуваат подот на уметничката галерија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Грегор Гаида - Attaboys, реинтерпретација на негов постар сет од скулптури од 2008 година, наречен Kind und Kreide II.

Овој одличен проект на Грегор Гаида (Gregor Gaida) претставува скулптурален концепт кој иако убаво стилизиран, како идеја е деконструктивистички.

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo7_500

Алуминиумски деца го уништуваат подот на уметничката галерија, односно Attaboys проектот прикажува агресивен, вандалистички однос на младината, теорија која најчесто ја поврзуваме со уличната култура или уметноста која е производ на влијанието од улицата.

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo4_500Грегор Гаида (Gregor Gaida) е германски уметник кој живее и работи во Бремен. За неговите дела како целина можеме да кажеме дека се најчесто релации, односи кои тој ги создава помеѓу карактерите и лиликовите кои скулптурално се поврзани меѓусебно, најчесто поради реализирање на некои чудни односи и дејствија. Како што и самиот автор вели, неговите идеи најчесто ги наоѓа во книгите или списанијата коишто ги чита, за потоа пораката да ја пренесе на начинот кој засега го дефинира неговиот ракопис.

Овие фигуративни скулптури зрачат со агресивност, (не)оправдан вандализам, со искажување на некое скриено (не)задоволство, Attaboys е проект кој всушност е реинтерпретација на еден негов постар сет од скулптури од 2008 година, наречен Kind und Kreide II, каде на сличен начин две момчиња цртаат со креда.

Kind und Kreide II
Kind und Kreide II

Оваа симболика на Грегор Гаида е доста силна, ја пренесува метафората за еволуцијата на човештвото, неговата (не)заинтересираност за општествените текови, за начинот на кој граѓаните се вклучени во процесите на креирање и создавање дневнополитички теми, а секако она што сака да го задржи како стил на изразувањето е скриениот начин на градење паралели меѓу неговите дела. Тој креира импулси кои се забележливи во понатамошниот развој на обликот, неговите објекти се три-димензионални, а приказната аналогно го следи процесот на ангажирање на просторот. Играта со frozen picture, заледена слика најдобро презентира стопирани чувства, замрзнати емоции, акција која најавува друга слика, приказна, дејствие кое само по себе се пишува или визуализира.

Неговото дело Attaboys во себе има и сликарски карактеристики, формата, бојата, поставеноста на елементите истовремено формираат кадри кои пренесуваат фрагментирани карактери во природна големина. Ова дело во исто време е фотографски проект, инсталација, скулптура и концептуално галериско решение кое возбудува со неговата мисија.

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo1_500

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo2_500

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo3_500

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo5_500

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo6_500

tumblr_mp1adymYCO1qlq9poo8_500

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Уште од мајчината утроба го гледам светот како платно со бои
Кај мене сликарството е тесно поврзано со моментите поминати во природа.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *