Куманово, град на писатели

На 4 ноември од 19.30 часот, во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, се одржа промоција на книгата песни „Ноќниот ум“ од младиот поет Стефан Велковски, во издание на „Антолог“ од Скопје.

На 4 ноември од 19.30 часот, во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, се одржа промоција на книгата песни „Ноќниот ум“ од младиот поет Стефан Велковски, во издание на „Антолог“ од Скопје.  Промотор на книгата беше писателот и филолог Мане Манушев, а во името на издавачката куќа „Антолог“ се обрати Златко Кујунџиски. Извадоци од книгата читаше Давид Крстевски, додека модератор на настанот беше актерот и музичар Ивица Димитријевиќ.

Стефан Велковски е роден на 9 јануари 1995 година во Куманово. Студира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Пишува поезија, кратки раскази, драмски текстови и сценарија. Поетската збирка „Ноќниот ум“ (2013) е неговoто прво дело, објавено во поетската едиција „Огнови“.

Куманово има голема и агилна културна публика, што се покажа и на промоцијата на стихозбирката „Ноќниот ум“ од Велковски, која ја преполни малата сала со млади луѓе. Не е случајно така бидејќи од Куманово и од Кумановско потекнува една цела плејада македонски писатели, како Венко Андоновски, Милан Терзовски, Санде Стојчевски, Оливера Ќорвезироска, Снежана Младеновска-Анѓелков, Југослав Петровски, Фахри Каја, кои освен што припаѓаат меѓу најнаградуваните и најзвучни имиња во современата македонска литература, ги краси уште и особеноста да творат надвор од родниот град, но секако тука се и вредните писателски имиња што создаваат во Куманово, меѓу кои и Билјана Станковска, Борис Митковски, Драган Илиевски, Бобан Богатиновски, како и многу други што ја збогатуваат уметничката агенда на градот.

[nggallery id=20]
Тагови од објавата
, , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Книгата е незаменлива
Одлични вести за оние кои повеќе го сакаат традиционалниот начин на читање
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *